Српскиот моден дизајнер Саша Видиќ вели дека тој и пејачката Цеца Ражнатовиќ престанале да се дружат, бидејќи со години односот им била како да живеат во лош брак!
Дизајнерот и пејачката 18 години беа неразделни, но последната година, на изненадување на многумина, ги заладија односите.
Видиќ признава дека ништо не се случило ненадејно, туку дека тој и Цеца многу проблеми ги туркале под тепих, а првпат сега зборува за тоа во српските медиуми.
-Моето пријателство со Цеца беше како лош брак. Со години лошо функциониравме и мораше да пукне и да дојде до крај –објаснува Саша и додава дека меѓу нив двајцата не паднеле тешки зборови:
-Нормално е да се разделиш со некој кога повеќе не ти одговара неговото друштво. Немаше никаква драма, караници и солзи… само престанавме да се слушаме и гледаме- изјавува познатиот српски дизајнер.