Водителката Јована Јеремиќ е мета на заканите од ММА борецот Васо Бакочевиќ, кој во една емисија изјавил дека физички ќе ја нападне, а естрадата остро го осуди ММА борецот. Јована Јеремиќ откри какви мерки планира да преземе против него:
„Тој е опседнат со мене и му треба медиумско внимание, очигледно не го добил во рингот, бидејќи не е успешен. Како што дознав, тој е човек кој создава повеќе хаос и забава во рингот отколку што се бори, плука по противникот, навредува, не се бори правилно, користи трикови за да привлече внимание.
Оваа тема жестоко се рашири во медиумите, а поддршка и дадоа пејачката Наташа Беквалац, раперот Реља Поповиќ и водителката Душица Јаковљевиќ.
„Го осудувам секој вид на насилство, јас сум доживеал сè, но ќе повторам дека не поддржувам никакво насилство, ниту вака во живо, ниту на социјалните мрежи“ – изјавил Реља Поповиќ.
„Страшно е јавна личност како тој, ММА борец, да се појави и да повикува на насилство. Утре некој ќе и дофрли нешто на таа жена, да речеме или не дај Боже, и нешто повеќе, особено што Јована Јеремиќ е голем професионалец и моја драга колешка и некој кој многу ме почитува.
„Ужасно е некој да каже такво нешто, мора да бидеме свесни за тежината на јавната личност“ – се огласи за заканите и Душица Јаковљевиќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/jeremicjovana