Победникот од претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Алекса Перовиќ, на крајот од минатата година дозна дека ќе стане татко, а него и неговата животна избраничка Милица Пајчин многу ги израдува веста за тоа дека ќе станат за прв пат родители.
Откако ја дознаа веста за приновата, Алекса и Милица одлучиле да се венчаат, а тоа го направиле тајно, само во присуство на нивните кумови.
Иако судбоносното „да“ го изговорија уште пред неколку месеци, тие одлучија дури сега да ги споделат овие информации во јавноста, па објавија свадбена фотографија на нивните профили на социјалните мрежи, а многумина беа шокирани од стилот на облекување што го избрале за оваа пригода.
Имено, и обајцата, како и нивните сведоците, се појавиле облечени во фармерки и наједноставни бели маички, на чија предна страна било отпечатено: „млада“ и „младоженец“, односно „кума“ и „кум“!