Младата пејачка Љупка Арсовска уште од своето прво појавување привлече големо внимание кај публиката со својот вокал, настапот и секако со својот секси изглед.
Она што го започна во „Ѕвездите на Гранд“, потоа го надгради и во „IDJShow“ каде имаше забележителни настапи, но и бројни трансформации.
Од русокоса во неодолива црнка со многу привлечен изглед, чии телесните атрибути за машала избиваа во прв план на нејзините секси ТВ настапи, па во пакет со провокативниот имиџ придонесоа македонската пејачка да биде мошне привлечна за публиката особено за момчињата.
Иако ја паметиме како доволно бујна, расна и надарена, последната појава на македонската пејачка сега многумина изненадува. Видно ослабена, со истенчен струк, со долга костенлива коса и издолжен лик, пејачката изгледа како ова да е некоја друга Љупка.
Од симпатична „буцка“ трансформирана во суптилна убавица на која многу попознати дами можат да и позавидат, а мажите се би дале во нејзино друштво да бидат. Префинета, рафинирана, средена, дотерана, елегантна, со совршена шминка Љупка изгледа како да доаѓа од црвениот тепих на некоја светска манифестација.
Сепак, она што е можеби најпрепознатливо на неа освен ликот и стајлингот, кој исто така изгледа изменет, е големата убаво извајана, овална задница на распеаната убавица. Како заштитен знак, налик на онаа на славната Џеј Ло, нешто што кај Љупка не се променило, а и никако не би требало…
Но, она што деновиве таа го најави се и дополнителните естетски дотерувања на кои пејачката е подготвена.
Според изборот на установата, не ќе да е во прашање само обичен козметички рестајлинг, туку по евидентниот „боди лифтинг“, очигледно следува и дополнителна надградба.
Дали е во прашање „фризирана предница“ со силиконска надополна, што е многу веројатно или некој друг естетски зафат, ќе дознаеме наскоро, кога ќе може да се види од приложеното.
Сепак, едно е сигурно, Љупка Арсовска решила до крај да стане совршена убавица и топ ѕвезда.
Она што и го дала мајката природа останува, она што недостасува, веројатно ќе се надградува, зашто такви се времињата.
Пејачките изгледа прво ги ценат по тоа колку се расни, бујни и телесно надарени, а дури потоа, откако ќе станат доволно интересни и медиумски експонирани, колку се и вокално талентирани…
За на голема сцена или само за по кафеани, тоа веќе зависи и од многу други фактори!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/ljupkarsovska