Од градот на најуспешниот македонски ракометар Кире Лазоров ни доаѓа уште една талентирана млада, но овој пат музичка ѕвезда. Младата и талентирана Марија Николова од Свети Николе освен со својата убавина плени и со својот музички талент.
Марија деновиве се претстави со свој прв видео запис Mashup. Убавата овчеполка ги помрднува стандардите за снимање на кавер во Македонија, но слободно можеме да кажеме и во Ex-Yu.
Талентираната Марија го одбра својот тим, актуелниот Златко Јовановски ЈЗЈ кој се погрижи за нејзината креација и најдобриот Васко Доковски за нејзиниот мејк-ап, како и студиото ДВД плус за целата содржина да изгледа како бајка.
И за крај сјајот на целиот амбиент го допринел Спасе Мицевски.
Ве оставаме во продолжение да уживате во видеото кое ги помрдна стандардите за снимање на кавер.
https://www.youtube.com/watch?v=Ko4RzxZBEuM
Инаку оваа млада пејачка за во идните месеци ја најавува и својата прва песна, а како што вели ќе биде вистинско летно освежување на македонската сцена.