Атрактивната и згодна пејачка Теа Стошевска многупати до сега им се претстави на своите следбеници на „Инстаграм“ во повеќе предизвикувачки изданија.
Младата „Гранд ѕвезда“ воглавно се сликаше во крупен кадар однапред, ставајќи го во прв план она што и е најдобро и што најмногу и доминира: убавото лица на русокосата и секако, големите бујни, природни гради.
Но, дали на Теа и здодеа да ги споделува речиси истите пози или сфати дека и на друг начин може „да ги вози“ своите следбеници на социјалните мрежи, па реши да им понуди во гро план нешто што досега само малкумина од нејзините обожаватели имале можност да го видат.
Убавата „Гранд ѕвезда“ најпрвин клекна, па се расчекори, ги рашири нозете, па им ги прошири видиците на своите обожаватели.
И ако до сега само бујната предница на Теа доминираше, во наредните неколку пози и големата раскошна, заоблена задница на пејачката дојде до израз.
И тоа откако Теа сврте грб, па она што го носи одзади изби во прв план, како доминантна телесна убавина на русокосата фолкерка.
Фотографии на кои поранешната учесничка на „Ѕвездите на Гранд“ изгледа брутално секси, привлечно и пожелно.
Неколку провокативни пози кои го одземаат здивот, а напливот на страст и копнежи станува се посилен и понеодолив дури и од самата неа, расната Теа!