Американската актерка Ел Фенинг (21) се онесвести на вечерата по повод „Трофеј за Шопард“ во Кан, објави АП.
Американската актерка Ели Фенинг се онесвести додека зборуваше и се струполи на земјата, а нејзината сестра Дакота веднаш притрча да и помогне, а откако ја крена од земја му помогна на обезбедувањето да ја изнесат.
Фенинг подоцна на „Инстаграм“ објави фотографија со кренат палец и порака „добро помина” и покрај она што таа го нарече несвестица поради нејзиниот Прада-фустан, но и тоа дека циклусот кој го имала придонел за таквата непријатна ситуација.
Оваа година, актерката беше членка на канското жири.
Таа е најмладата личност која некогаш учествувала во деветчленото жири кое одлучува за „Златната палма“.