Промотерската асоцијација “Room 313”, која промовира модерна електронска музика, е една од ретките која го прифати новиот предизвик и продолжи да работи на своите цели. Новиот проект на кој работат го именуваа “Roomania” и е серијал на аудио подкасти, диџеј миксови, во кој низ музичко-тематски сезони селектираа и промовираа соодветно избрани артисти.
„Со нашиот микс ја затвораме првата сезона која ја нарековме “Пештера од раце” или “Cave of hands”, во која самиот дизајн и естетика симболизираат временска оддалеченост од живите клупски настани каде физичката блискост на диско подиумот и дигнатите раце беа синоним за добра забава. Во “Roomania”, презентираме еден специфичен електронски звук, едноставен, а сепак комплициран по својата едноставност, кој извира од романската модерна електронска сцена и доби големо признание последните години. Со секој од артистите правиме посебно интервју преку кое ги доближуваме читателите до музиката на артистот и општо до културата која ја презентираме“ – велат Митрик и Самарџиски.
Музиката која ја прикачуваме на нашиот Soundcloud профил е бесплатна, со тоа правиме социјален импакт. Секој, колку сака и кога сака може да ги преслушува нашите изданија и да ги споделува на социјалните платформи. Во ова време на предизвици, секој заслужува да има малку простор за забава, (додека сите клубови се затворени) во своите домови и на места кои што се достапни, каде може да се слуша ново издаден квалитетен музички звук, дополнуваат на крајот.
https://soundcloud.com/roomania/cave-of-hands-e05-mitrik-samardjiski