Ана Николиќ дефинитивно го преболе разводот од Стефан Ѓуриќ Раста, а пред неколку месеци се впушти во врска со мистериозниот Црногорец, Бошко, за кој се открива дека наводно е поранешното момче на познатата српска ТВ водителка Рада Раденовиќ.
Во 2017 година, Бошко се забавуваше со сексапилната ТВ водителка Рада Раденовиќ.
Во тоа време Рада и Бошко беа во љубов неколку месеци, а многумина сметаа дека се идеален пар, но…
Ана и нејзиното ново момче пред неколку недели беа на одмор во Тајланд. Бошко наводно ја поддржувал и Ана во губење на тежината, но не сакале нивната врска да биде јавна.
„Двајцата неодамна отпатуваа на Тајланд заедно, каде поминаа две недели. Тие уживаа во песочните плажи, масажи, а со нив беше и ќерката на Ана, Тара, која беше добро прифатена од Бошко.
После одморот, Ана со една приватна продукциска куќа отпатува за Мароко, каде што сними неколку видеа за нејзиниот нов албум“ – вели пријателката на Ана.