Радио Милева го крие од јавноста

Мистериозниот љубовник на бугарската фолк ѕвезда: Овој ли аполон ги тутка чаршафите со Глорија? (ФОТО+ВИДЕО)

Мистериозниот љубовник на бугарската фолк ѕвезда: Овој ли аполон ги тутка чаршафите со Глорија? (ФОТО+ВИДЕО)

Бугарската пејачка Глорија долго време не зборува јавно за тоа што се случува со неа зад сцената. Информациите од „љубовниот фронт“ отсекогаш биле мошне оскудни, па нејзините обожаватели мислат дека таму долго нема ништо ново. Сепак, се покажа дека згрешиле!

Фолк кралицата очигледно не го трошела времето само на сценски настапи, туку успеала да му ја сврти главата на атлетско момче, кој е очигледно помлад од неа.

 

Цела година, пред повторно да полета на „крилјата на желбата“, пејачката ги полнеше социјалните мрежи со трогателни кадри од „секојдневието на една баба“. Таа беше во облаци од среќа што нејзината ќерка Симона Загорова и подари внука, која во чест на својата славна мајка и ја нарече Галина. Сепак, Глорија јасно одлучи дека овој период трае доволно долго, а сега е време да обрне внимание малку повеќе и на себе.

Во фолк круговите во Бугарија се зборува дека самата Глорија се уште не собрала хаброст да го открие идентитетот на новото момче. Единствената интима од старата врска која пејачката си дозволи да ја објави на социјалните мрежи е онаа од минатата  пролет. Во март таа раскина со бизнисменот од Пловдив, Јордан Германски, кој дури и дал веренички прстен како знак на неговите сериозни намери. Гласината за колапс на нивната врска ја потврдија и луѓе блиски до бугарската фолк примадона.

Дали се останало само на кадрите од најновот видео „Кадифе“ или токму ова е младиот мускуслесто граден аполон што ги тутка чаршафите заедно со Глорија и надвор од видео кадрите… Засега фолк ѕвездата не е подготвена да обзнани и ништо не открива (КЛИКНИ ТУКА за ВИДЕОТО).

To top