Радио Милева нови детали

Мистериозната жена со која се ожени кралот на попот, делумно се обвинува за смртта на Мајкл Џексон (фото)

Мистериозната жена со која се ожени кралот на попот, делумно се обвинува за смртта на Мајкл Џексон (фото)

Поранешната сопруга на Мајкл Џексон откри неколку детали за смртта на кралот на попот. Во американскиот документарен филм „TMZ Investigates: Who Really Killed Michael Jackson“, Деби Роу низ солзи вели дека требало да направи нешто кога видела дека пејачот е  зависен  од лекови против болки.

Во еден клип од документарецот, Деби вели:

“Тоа е делумно моја вина. Требаше да направам нешто, а не направив. Има многу луѓе кои умреа од зависност и јас бев дел од тоа на некој начин”.

Имено, Мајкл Џексон почина од срцев удар во јуни 2009 година, а во телото имаше од моќниот седатив Пропофол доволно за да убие носорог, изјавил во документарецот поранешниот судски вештак, ЛАПД-а  Ед Винтер.

Роу се омажи за Џексон во 1996 година и беше сурогат мајка на децата Принц и Парис. Таа беше асистент на врвниот дерматолог Арнолд Клајн, кој почина во 2015 година, и кој даваше моќни лекови против болки на Џексон и на други познати личности.

Во една прилика Роу призна на ТВ Фокс:

„Всушност бев лоша како Клајн и многу ми е жал што бев дел од тоа“.

Поранешната сопруга на пејачот одби да зборува конкретно за Џексон во документарецот и избра да се фокусира на Клајн, познат и како татко на ботоксот. Исто така, со децении, таа зборуваше во медиумите дека му била медицинска сестра на Џексон и помошник на Клајн додека тој го лекувал музичарот.

За време на судењето за смртта на Џексон во 2013 година, таа го обвини нејзиниот поранешен шеф за хранење на навиката за дрога на Џексон. Клајн, кој исто така беше познат по тоа што лекуваше други ѕвезди како Елизабет Тејлор, почина на 70-годишна возраст во Калифорнија во 2015 година.

Нејзината врска со Мајкл беше обвиткана во тајност. Само неколку луѓе присуствуваа на нивната необична венчавка, која се одржа во хотелот Шератон на Парк на 13 ноември 1996 година, додека Џексон беше на неговата турнеја „по повод албумот „HiStory“.

Впечатливо е и тоа што Роу носеше нетрадиционална црна венчаница. Тајноста околу венчавката била толку силна што никој не ја потврдил ниту негирал откако се случила. Вработените во Шератон дури се заколнале дека Џексон не ја напуштил својата соба, објави „Ајриш тајмс“.

Поранешната двојка наводно се запознала 15 години пред свадбата, кога Мајкл бил на третман за кожна болест. Се шпекулираше дека Роу всушност го тешел Џексон по раскинувањето со ќерката на Елвис Присли, Лиза Мари, а Роу и Џексон од тогаш станале големи пријатели.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

 

To top