Актерот Роан Аткинсон се потсети на сцената од серијата „Среќен Божиќ Мистер Бин“ во 1992 година, каде во една сцена на главата имаше мисирка.
Во таа сцена Мистер Бин го изгуби часовникот кој на крајот заврши во мисирката. Немајќи каде, Бин ја стави мисирката на глава за да го најде часовникот. Но, тука се случи проблем. Не само што не можеше да го најде часовникот, туку и мисирката не можеше да ја извади од глава.
Аткинсон изјави дека поради таа сцена имал многу болки во главата и грбот, кои траеле со месеци.
„Иако стануваше збор за реквезит, мисирката е неверојатно тешка. Тоа остави страшни последици на мојот врат и глава“ изјави Мистер Бин во интервју за „People TV“.
Еве како изгледаше таа сцена.