Радио Милева
не е се' во љубовта?

Мислел дека ќе се венчаат и ќе градат иднина заедно, но таа го оставила за Роналдо: Ова е поранешното момче на Џорџина Родригез (фото)

Мислел дека ќе се венчаат и ќе градат иднина заедно, но таа го оставила за Роналдо: Ова е поранешното момче на Џорџина Родригез (фото)

Георгина Родригез неколкупати беше во центарот на вниманието за време на Мундијалот во Катар, како поради атрактивните изданија, така и поради изјавите против селекторот на Португалија, Фернандо Сантош.

Георгина е жена која прилично внимава на својата приватност, па затоа малку се знае за девојката на Кристијано Роналдо. Таа стана светски позната кога беше откриено дека е во врска со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Тие се запознале кога Кристијано беше играч на Реал Мадрид, а живеат заедно веќе неколку години.

Георгина пред да го запознае Роналдо, живеела во Мадрид, каде дошла од Буенос Аирес кога имала само 15 години. Од аргентинската престолнина се преселила во Европа во потрага по подобар живот, а очигледно и го нашла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Георгина не живеела на висока на нога пред да го запознае Роналдо, но Португалецот ѝ го променил животот од корен. Познато е дека Георгина и Роналдо се запознале во еден бутик во центарот на Мадрид, каде што таа работела неколку години.

Тогаш Роналдо го посетил бутикот со пријателите, а Георгина очигледно му оставила многу добар впечаток, што резултирало со покана за вечера, за подоцна да се случи тоа што се случило.

Сепак, малку се знае за животот на Георгина пред Кристијано Роналдо. Неодамна нејзината сестра Патриша ги шокираше сите со изјавата дека е многу лоша личност и дека воопшто не сака да му помага на семејството и покрај тоа што веќе стана милионерка и е во брак со еден од најбогатите спортисти на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Меѓутоа, во една емисија на шпанска телевизија се појавила информација за поранешното момче на Георгина и дури е откриено и неговото име. Имено, Амор Ромеира во „Telecino show“ зборувал за накитот вреден 1,8 милиони евра кој Георгина го носеше на Светското првенство во Катар, а потоа случајно го споменал и нејзиното поранешно момче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alberto Santana (@alberto_ss)

Станува збор за Алберто Сантана, со кого Георгина наводно била пред да го запознае Роналдо и долго време биле заедно. Но, таа наводно му го скршила срцето оставајќи го, а набргу потоа било потврдено дека е во врска со Роналдо. Сантана многу тешко го поднел раскинувањето, бидејќи очекувал дека ќе се венчаат еден ден. Кога се запознале, Георгина и Алберто биле во тешка ситуација и барале подобар живот, па се поддржувале еден со друг во врската. На крајот, сепак, секој тргнал по својот пат.

Алберто сè уште живее и работи во Мадрид. Тој е бизнисмен и креатор на дигитална содржина, а на Инстаграм го следат речиси 500.000 корисници.

Тој бил водител на неколку ТВ емисии во Шпанија, од кои повеќето биле од ријалити карактер. На крајот и тој успеал да оствари завидна кариера, но криел дека некогаш бил со Џорџина, бидејќи не сакал да го поврзуваат со неа и такво внимание не му било потребно, но тајната му била откриена на многу бизарен начин.

фото: Инстаграм

Останати вести од Радио Милева