Радио Милева

„Мислат дека пијам од златна чаша!“:Нема да верувате како изгледа еден ден за Саша Поповиќ и неговата сопруга (фото)

„Мислат дека пијам од златна чаша!“:Нема да верувате како изгледа еден ден за Саша Поповиќ и неговата сопруга (фото)

Сузана Јовановиќ и поранешниот сопственик на „Гранд“ Саша Поповиќ се во хармоничен брак 25 години.
Меѓутоа, како изгледа бракот после 25 години, дали може да биде хармонични, откри Сузана додека гостуваше во емисијата „Пулс на Србија“ чиј водител е Иван Гајиќ.

Прво откри како реагирал Саша Поповиќ откако решила повторно да се активира:

– Ме поддржа, постојано ме турка, имам две нови песни за кои чекам да снимам спот, за да можам да и ги претставам на јавноста. Добив позитивни коментари и зборови на поддршка од сите страни.

Со оглед на тоа дека постојат  предрасуди, пејачката ги демантираше, а опиша како изгледа нејзиниот типичен ден:

– Сигурно ги има, луѓето мислат дека пијам од златна чаша, јадам со златна лажица, но не, таман работа. Толку сум нормална и среќна поради мојата личност, таква сум, не можам да живеам поинаку. Наутро јас и Сале стануваме, појадуваме, пиеме кафе, гледаме телевизија, гледам што се случува во земјава… Ја сакам мојата земја, најсреќна сум овде, моите деца и сите мои драги луѓе се тука. Сакам да бидам информирана што се случува кај нас, па коментираме на темата, разговараме за обврските. Потоа велам „Еј Сале, треба да одам да ги платам сметките, да пазарам, малку до пошта да средам сѐ“, правам се како и сите нормални луѓе, чекам ред, не одам преку ред.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Антонио Ахел

Останати вести од Радио Милева