Пејачот Мишо Ковач (80) пред неколку недели беше пуштен од сплитската болница каде беше хоспитализиран поради воспаление на белите дробови и висока температура.
Сега познатиот пејач повторно заврши во болницата во Сплит, бидејќи е позитивен на коронавирусот.
Освен пејачот, на корона е позитивна и неговата сопруга Лидија како и ќерката Ивана, пренесува „Слободна далмација“.
Имено, на Мишо одеднаш му се слошило и пред неколку дена бил однесен во болница каде што бил приклучен и респиратор. Откако примил кислород тој се чувствувал многу подобро и бил пуштен на домашно лекување.
Инаку, Мишо Ковач неодамна беше хоспитализиран на Одделот за пулмологија на Клиничкиот болнички центар Сплит, а лекарите се сомневале на пневмонија. На крајот се испоставило дека нема пневмонија, па музичарот по антибиотска терапија бил пуштен дома.
По излегувањето од болница, Мишо се чувствувал добро и со семејните пријатели Томија и Вања Божиковиќ заминал во Строжанац.
Заедно со ќерката и сопругата престојува во изнајмен стан бидејќи се реновира неговата куќа.
фото: Инстаграм/принтскрин/јутуб