Легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач, како што дознаваат медиумите, сношти, 25 ноември 2021 г. повторно завршил на болничко лекување, откако итно бил хоспитализиран на одделот за пулмологија. Семејството и пријателите се во страв поради неговото здравје и се плашат дека ќе се случи најлошото.
Да потсетиме, Мишо на крајот на октомври заврши во болница, а по неколку дена лекарите решија да го пуштат на домашно лекување и дополнителни прегледи кои беа неопходни за да се уверат во неговата здравствена состојба.
Меѓутоа, пред два дена, според хрватските медиуми, Мишо имал висока температура, која го скршила одвнатре, а дури вчеравечер брза помош дошла да го земе во Строжанац. Мишо живее во станот кој го изнајмил со својата сопруга Лидија, каде пристигнала брзата помош и веднаш го хоспитализирала пејачот.
Како што беше соопштено, медицинскиот персонал и лекарите се сомневаат дека се работи за воспаление на белите дробови, но дека е во прашање почетна фаза. Мишо Ковач еднаш беше тестиран на коронавирус, но како што соопштија, резултатите од тестот покажале дека и тој и неговата сопруга Лидија се негативни на Ковид -19.