Радио Милева
Танцот на ѕвездата

Мис фитнес бикини предизвика „пожар“: Кога ќе замеша со колкови Едина, се „пали“ цела околина! (ВИДЕО)

Мис фитнес бикини предизвика „пожар“: Кога ќе замеша со колкови Едина, се „пали“ цела околина! (ВИДЕО)

Македонската кошаркарка и боди фитнес девојка, згодната и шармантна Едина Муса 2017 година ја заврши со медал во мис фитнес бикини, потоа како атлета на Македонија, ја заврши и на календарот на „Пелистерка“ за 2018, како една од 12-те најубави и најуспешни наши спортистки, а приватно ја заврши на забава.

Се разбира, успесите на професионален план и спортските резултати не доаѓаат туку така, па затоа убавата Едина преку година нема многу време за шетање и забава, зашто напорните тренинзи секојдневно си го чинат своето.

Но, по сите лански успеси и жетвата на медали, раскошната мис фитнес бикини атлета, пред Нова година реши малку да прошета, па спортската теретана, ја замени со кафеана… Поточно, мускулестата убавица за да си го подигне празничното расположение, одбра дискотека.

А кога застана на подиумот и почна да танцува, со своите секси движења, згодната Едина „ја запали“ целата околина. На оние од посилниот пол оклоу неа, ни вотката, ни вискито, ни тоникот и џинот не им го кренаа толку, колку што нејзиниот еротски танц им го крена адреналинот!

Ем душата на место, ем очите полни, ем сите околу неа, среќни, задоволни… Зашто, кога ќе замеша со колкови згодната Едина, се „пали“ цела околина… Можеби, некои девојки се плашат од огнот, ама некои и самите се „оган“!

Впрочем, погледнете го „танцот на ѕвездата“ и се’ ќе ви биде јасно:

A post shared by edina musa (@edina_musa) on

Останати вести од Радио Милева