Во понеделник ( на 28.01.2022) во хотелот Хилтон во Бејрут, Либан се одржа големото финале на изборот за Мис на Европа за 2022г.
Нашата држава ја претставуваа две девојки, Ана Брзанова, 22 – годишната гевгеличанка и Мија Стерјовска, 18 години од Скопје.
Двете влегоа во Топ 10, а на крајот Мија Стерјовска ја освои титулата Втора придружничка, а Ана Брзанова титулата Miss Friendship.
Победи претставничката на Србија, а титулата Прва придружничка ја освои девојката од Шпанија.
Финалистките од цела Европа веќе 15 дена претстојува во Бејрут, каде се подготвуваа за големото финале.
И Мија и Ана се членки на Модното студио Црнокрак кое ја поседува лиценцата за овој најпрестижен Европски избор за убавина.