Пејачот Мирослав Илиќ поднесе тужба против својата поранашна партнерка Мирјана Антоновиќ за прогнување и по тој повод се појави во судот во Белград.
Како што пренесуваат медиумите, пејачот Мирослав Илиќ во изјавата истакнал дека доживувал прогонувања од неговата поранешна љубовница.
„Мирослав изјави дека во краток временски период примил многу смс пораки од Мирјана Антоновиќ. Во тие пораки немало никакви закани, но тој тврди дека бил многу вознемирен. Треба да се сослуша и Мирјана, бидејќи судот не може да одлучи без да ја сослуша неа. После тоа ќе се утврди дали треба да се поднесе кривична постапка или судот ќе ја отфрли крвичната пријава. Мирјана ќе биде сослушана на 15 јули. Во секој случај, ништо нема да ја спречи постапката за утврдување на татковството“ изјави адвокатот на Мирјана за „Блиц“.
Мирослав со насмевка на лицето излегол од судот, но не сакал да одговори колку пораки добил од љубовницата.
За потсетување, Мирјана со години се обидува да докаже дека Мирослав е татко на нејзиниот син Девин.