Фолк пејачката Мира Шкориќ не ја чуди што Милан Станковиќ е фотографиран на геј плажа во Шпенија. Пејачката вели дека од авион се гледа дека Милан е геј.
-Ја видов веста. Тоа што е на геј плажа воопшто не ме изненади. Ништо друго не очекував од него. Тоа се гледа од авион. Да се биде геј е во ред. Што друго да кажам. Ние сме модерна земја. Знам за тој фестивал за хомосексуалци. Искрено, немам ништо против. Нека се дружат луѓето. Секој има право на свој музички избор, вели пејачката.
Потсетуваме, поранешната Гранд ѕвезда Милан Станковиќ е „уловен“ на фестивалот „Circuit“ кој е наменет за нудисти со хомосексуална определба. Според зборовите на изворот кој бил во близина на пејачот, тој на плажа стигнал со двајца пријатели. Станковиќ не се задржал долго, а по еден час си заминал. Медиумите го побараа за коментар на што одговори:
-Дали сте нормални?! Нема да коментирам глупости, не е ни прв ни последен пат да ме ставаат во тој контекст, е се што кажал пејачот, пишува Еспресо.рс