Позната пејачка Мира Шкориќ закажа голем концерт за 22-ри октомври каде ќе ја прослави својата 30-годишна кариера во Сава центар пред својата публика.
По тој повод, Мира се појави во шоуто „Премиера – викенд специјал“, каде се осврна и на конфликтот со поранешната пријателка Цеца Ражнатовиќ.
– Ми се смачи од темата, ајде да ставам точка на тоа. Пукаат и бракови, а не па пријателства. Јас никому не зарив нож во грб, само тоа ќе кажам и чао, рече Мира.
Шкориќ, исто така се пофали со успехот на нејзината ќерка Милица, која е студентка по медицина и истакна дека нејзината ќерка е голем човек и пријател.
– Таа е шеста година на медицина, добар човек е, пред сè, таа е пријателка, таа е подобра личност од мене. Таа е на сериозен факултет, има многу одговорности – рече Мира.