Пејачките Мира Шкориќ и Цеца Ражнатовиќ долги години беа најдобри пријателки, но извесен период не се во контакт, а Шкориќ сега за првпат јавно откри во какви односи е со Цеца. На Мира во месец февруари и почина мајка и Милка, и вели дека најмногу се изненадила кога цеца не и се јавила за да и изјави соучество.
-Точно е дека Цеца не ми изјави соучество. Не ми се јави, ниту ми прати порака. Покрај Зорица Брунцлик, првпат ќе откријам дека Јелена Карлеуша во тие тешки моменти беше со мене и пред сите ми изрази сочувство. Секако има причини, но вистината е дека не ме повика, изјавува Мира која додава дека нема намера прва да и се јави на Цеца.
-Пукаат и бракови по 40 години, а не едно пријателство. Нема шанса прва да и се јавам. За разлика од останатите, имам свој став за тоа и затоа мора да бидам нешто што не сум. Тоа што е меѓу нас повеќе не е важно. Јас не сум во кавга со неа, едноставно не комуницираме, не се дружиме, објаснува Мира Шкориќ .