Пејачката Мира Шкориќ со години се бореше со опасната болест, од која излезе како победник.
Имено, Мира еднаш отворено проговори за својата битка со ракот на тироидната жлезда која траеше повеќе од петнаесет години.
– Цел живот работам на тоа да изградам имунитет, морам поради ситуацијата и секако не е лесно, 15 години се борам со ракот, пред тоа никогаш не се грижев за моето здравје, некако бев невнимателна и сосема случајно дознав дека сум болна – изјавила Мира Шкориќ.
– Чувствував замор, па спонтано отидов на некои прегледи, а подоцна добив дијагноза која не можев ни да замислам дека ќе ми се случи. Ги игнорирав симптомите додека не ми излезе лимфна жлезда на вратот над клучната коска. Потоа слушаш со што се соочуваш, кога докторот ми кажа дека имам рак, прво одбив да верувам – искрено проговорила Шкориќ.
Пејачката вели дека во секој момент имала поддршка од блиските, а колегите постојано и се јавувале и прашувале во која насока се менува ситуацијата.
– Семејството и пријателите ми помагаа за сѐ. Постојано ме бодреа, сите се јавуваа да ме прашаат како ми е. Иако сега сум добро, секогаш одам на прегледи и земам превентивна терапија – заклучила пејачката.
Фото: Принтскрин/Зоран Илиќ/ Рингиер/Инстгарам