Мегафон

Министерството за здравство и комисијата за заразни болести дозволија организирање концерти

Министерството за здравство и комисијата за заразни болести дозволија организирање концерти

Министерот здравство, Венко Филипче соопшти дека Комисијата за заразни болести ги одобрила протоколите за организирање на јавни настани. Комисијата за заразни болести го одобрила протоколот за организирање јавни настани, кој минатата недела го предложија претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани, потврди денеска о Филипче.

„Ќе се дозволат музички настани, но капацитетот на објектите каде се организираат ќе треба да биде полн 50 отсто, карти да се купуваат само електронски и сите учесници на настанот да носат маски. Здруженијата на организатори и на угостители минатата недела предложија навистина солидни протоколи и за пофалба е што прифатија сами да го контролираат почитувањето на мерките“ -изјави Филипче.

Водечкиот организатор на концерти во Северна Македонија, Авалон продукција, соопшти дека подготвуваат низа open-air концерти во август и септември. Повеќе детали најавуваат за следната недела.

До овој момент потврдени се: “Д фестивал” во Дојран од 21 до 23 август и “Ohrid calling” од 31 јули до 3 август.

To top