Поранешнaтa учесничка во реалното шоу „Парови“, Мина Врбашки по љубовната авантура со Ѓексон, кого вели дека го преболела, во последно време ужива со новото момче, кое неодамна му го откри јавноста на провокативен начин.
Но Мина исто така не пропушта да публикува и соло провокативни фотографии на социјалните мрежи.
Најпрвин русокосата убавица се фотографираше во месо боја бикини, модел во кој Мина изгледа опасно секси, како „нагазна мина“ која само што не експлодирала…
Костимот за капење ги открива сите нејзини атрибути, кои на згодната Мина не и недостасуваат, па во него таа изгледа како да е повеќе гола, отколку облечена.
Но, тоа секако не е се’, кога се во прашање нејзините акции за постирање нови прокации.
Имено, Мина објави нова провокативна фотографија од својата постела, каде што позира релиси гола… Поточно, (с)облечена само само по танга гаќички, а селфито го направла во огледалото на плафонот.
Со кого тоа Мина се сликала во таков амбиент не откри, но нејзините обожаватели во голема мера претпоставуваат.