Старлетата која во едно ријалити „легна најмногу машки“ – Мина Врбашки, ја напушти „Задруга 4“ поради компликации здобиени од естетските зафати што ги извршила на нејзиното тело пред да се приклучи на новата, четврта сезона на најгледаното реално шоу во регионот.
Имено, Мина пред да влезе во „Задруга 4“, направила естетска постапка за да го зголеми задникот со филери, по што сега добила воспаление на задницата, па затоа мораше да го напушти реалното шоу за да ги залечи компликациите што се појавија.
Врбашки сподели објава и на својоит Инстаграм во која напиша:
„Поради мојата влошената здравствена состојба и невозможноста за терапија и опоравување во Задруга, тие ме испратија дома. Секако, веднаш штом ќе бидам подобро, ќе се видиме повторно“, им порача на своите фанови и следбеници сексапилната задругарка.
Фото: Инстаграм принтскрин/minavrbaski