Радио Милева
други планови

Милош Бојаниќ му се налути на синот – поради „Задруга“ го стави семејството на второ место? (фото)

Милош Бојаниќ му се налути на синот – поради „Задруга“ го стави семејството на второ место? (фото)

Милош Бојаниќ имал идеја да го вработи својот син Микица Бојаниќ кој сега е во „Задруга 6“ и да му ја довери работата за издавање станови во Црна Гора.

Микица го одбил предлогот на својот татко, а тоа е затоа што веќе се договорил со продукцијата за влез во реалното шоу. Иако татко му на секој начин го убедувал дека семејниот бизнис со недвижнини е подобар за него, тој се држел до својата одлука до крај.

Кога виде дека дефинитивно нема ништо од таа приказна, Милош со помош на сопругата Бранка ја заврши оваа летна сезона без помошта на синот.

Дека информации се точни потврди и самиот Милош кој во изјава за медиумите истакна дека имал други планови за синот Микица.

– Сакаше сам да влезе во „Задруга“, па сега треба да се тепа со Зорица Марковиќ и овие другите. Имав планови со Микица, тој требаше да управува со изнајмувањето на становите што ги реновиравме во Црна Гора, но на крајот јас ја завршив сезоната наместо него – призна Милош.

Да потсетиме, во медиумите се пишуваше дека Милош и Микица не се во најдобри односи, но тој демантираше.

– Откако прозборе, прооде, меѓу нас никогаш немало никакво недоразбирање или конфликт. Со мене е близок, одговорен, омилен, никогаш во животот не сум го удрил по задникот. Микица ми е омилен цел живот, па и до ден денес, и не станува збор за конфликти меѓу нас – изјави Милош за медиумите.

Фото: Принтскрин/З.Јефтиќ/Н.Николиќ

Останати вести од Радио Милева