Изминатата година српската, но и руска кинематографија ја одбележа неговото име и презиме.
Тој важи за миленик на регионалната публика, но и пример за младите актери кои сакаат да направат нешто од себе и да успеат во светот на глумата.
Во моментов е актуелен со улогата на Петар Мараш во хит серијата „Јужни ветар“, а неодамна се случи и премиерата на филмското остварување „Хотел Београд“ кое по отворањето на кино салите ќе доживее своја премиера и во Македонија.
Милош Биковиќ вчеравечер беше гостин во „Бекстејџседидома“, а во рамки на гостувањето освен што зборуваше за својата кариера, исто така откри и дека има македонски корени.
Имено, неговиот дедо бил од Берово, а актерот наскоро планира да дојде во Македонија и да го посети овој град. Што значи дека во Мараш навистина провејува „јужен ветер“!
Што се’ откри Биковиќ во интервјуто можете да погледнете во видеото: