Миљана Кулиќ сношти беше дисквалификувана од „Задруга 3“ бидејќи жестоко се скара со Марко Миљковиќ, а потоа ја опцу продукцијата и водителот Милан Милошевиќ.
Таа го провоцираше Марко по имотот, а ситуацијата се смири кога започна емисијата во која задругарките гледаа снимки од претходната недела. Во еден момент, повторно започна кавга меѓу Миљана и Марко. Таа зема чаша со вода и го поли Марко, а тој уште и врати пожестоко.
Марко исто така ја поли Миљана со вода, а исто така си упатија жестоки закани.
За време на нивната кавга, Миљана му се закануваше на Марко дека ќе му ја скрши главата и вилицата, а истакна и дека пие психијатрски лекови и не одговара за своите постапки.
Набргу, по оваа ситуација, обезбедување ја изнесе Миљана од Белата куќа за да се смири.
„Тато, испрати некој по мене, станува збор за сериозни работи, ми ги мешаат терапиите и сешто ми даваат. Нека ми помогне некој. Обезбедувањето ми кажа дека ќе ми ја скрши главата“ изјави Миљана.
Нешто подоцна, водителот Милан истакна дека Миљана е десквалификувана.
Како изгледаше кавгата меѓу Миљана и Марко погледнете во видеото подолу.