Младата ѕвезда Милица Павловиќ на нејзиниот настап создаде атмосфера за паметење. Познато е дека Милица дава се од себе кога се во прашање настапите, а овој пат реши да го прекине концертот и да ги задоволи оние кои немаа билет.
Откако Павловиќ видела дека околу 100 луѓе играат во делот за кој не е потребно да се плати, решила да ги почести и побарала од организаторите да ги пуштат.
-Ги замолувам организаторите да ги пуштат луѓето што се пред капија, ве молам да ги поздравиме со аплауз, сите вие што сте надвор и цело време играте, снимате и аплаудирате, вечерва бидете ми гости – рекла таа.
Потценување е да се каже дека Милица ги воодушевила сите и уште еднаш покажа дека нејзината публика е на прво место.
Tako se to radi 🫡 pic.twitter.com/gkJDOBzmrD
— NeonMoon (@kristalno_jasan) August 21, 2023
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес