Познатата пејачка Милица Павловиќ беше следена од емисијата „Папарцо лов“ и во таа прилика тие снимија шокантни папарацо кадри.
Имено, Милица најпрвин беше фатена пред Американската амбасада во Белград без трошка шминка со врзана коса во тотално опуштено издание, каде таа и нејзините музичари чекаа работна виза за американската турнеја.
После тоа, Милица со својот бесен џип „Ренџ Ровер“ управуван од нејзиниот возач се упатила кон градот, а застанале крај една банка во Нов Белград каде го паркирале автомобилот среде улица, на место каде што не е дозволено паркирање.
Но, полицијата сепак ги казни со читање на податоците од налепницата на автомобилот, по што Милица и нејзиниот возач продолжија понатаму и уште еднаш ја повторија истата незаконска постапка правејќи го одново истиот прекршок, овој пат пред ресторан во строгиот центар на Белград.
Милица излегла од автомобилот за да сними селфи видео, додека нејзиниот автомобил останал непрописно паркиран.
Впрочем, погледнете го видеото на екипата на „Папарацо лов“ (КЛИКНИ ТУКА):