Американскиот бизнисмен Хари Мортон почина на 39 годишна возраст. Беше сопственик на познат ланец ресторани, а јавноста го познава по наводната врска со актерката Линдзи Лохан (33).
Линдзи и Хари никогаш не ја потврдија врската, иако често се појавуваа заедно во јавност.
Сепак, и покрај се, актерката се одлучи да се прости од бизнисменот и да сподели емотивна порака со следбениците на Инстаграм.
-Најдобар пријател. Најдобар животп напиша актерката за нивната заедничка фотографија.
Се зборува дека Линдзи е шокирана од смртта на поранешниот, кој го запона на 20-от роденден.
Освен врската со Линдзи, Мортон е познат и по тоа што беше во врска со актерката Деми Мур, пејачката Бритни Спирс и трендсетерката Парис Хилтон.
Засега се уште не е позната причината за неговата смрт.