Милица Тодоровиќ ужива во љубовната врска со актерот Петар Стругар со кој е заедно околу четири месеци.
Тодоровиќ пред да биде со Стругар имаше петгодишна врска со кореографот Милош Пауновиќ.
На прашањето за нејзиното поранешно момче, Тодоровиќ вели:
„Сега сум во фаза кога сум задоволна со својот живот на сите полиња. Среќна, сакана и заљубена“.
„Не би се враќала на таа тема бидејќи сакам да оставам се зад себе. Минатото си е минато. Постои позната реченица: „И тоа ќе помине“, тогаш така размислував и помина. Кога станува збор за музиката, многу сум среќна што публиката е со мене уште од самиот почеток. Благодарна сум им што секогаш ми се поддршка и што ми се ветер во грб за секоја песна. Горда сум и среќна“ вели Тодоровиќ.
Инаку, Милица во една прилика истакна дека откако се разделила со Милош не се во контакт.