Радио Милева „Боже, свашта“

Милица Тодоровиќ се огласи по гласините дека е во врска со познатиот кошаркар

Милица Тодоровиќ се огласи по гласините дека е во врска со познатиот кошаркар

Во регионалните медиуми веќе некое време се шушка за односот меѓу Милица Тодоровиќ и Марко Јариќ.

Имено, се шпекулираше дека Марко и фрлил око на Милица, па наводно блиски пријатели се обиделе да ги спојат и дека се во тајна врска.

По тој повод се огласи и Милица за емисијата „Ексклузивно“.

фото: принтскрин/инстаграм

„Човекот не го ни познавам. Никогаш се немаме сретнато, не знам од каде тие приказни дека сме во некоја шема, врска…Боже. Еве не знам од каде тоа….Марко Јариќ и јас? Но, добро јас сум навикната, повеќе ништо не ме изненадува, толку многу години сум на естрадата. Кога ќе видам такво нешто само си велам: „Боже, свашта  и кулирам“, изјави Милица.

Инаку, Милица претходно беше во врска со актерот Петар Стургар, но по неколку месеци заедно тие се разделија, а Тодоровиќ истакна дека тоа била единствена нејзина врска која траела кратко.

Исто така, странските медиуми пишуваа дека Марко Јариќ ја раскинал врската со атрактивната американска манекенка Бони Милер.

To top