Двајцата се во љубов веќе четири месеци и планираат брак. Така, на Божиќ, Петар ја одвел Милица во родната Црна Гора, така што пејачката се сретнала со неговото семејство.
„Милица и Петар се еден од друг неразделни и од ден на ден се поблиски, па и веќе планираат свадба. Тој вели дека билзагрижен како неговото семејство ќе реагира на Милица, но потоа се пофалил дека сите се воодушевени од неа и дека му дале зелено светло за брак“- изјавил заеднички пријател на оваа двојка.
Според изворот, и на Милица и се допаѓа семејството на Петар и планира него да го однесе во Крушевац за и тој да се сретне со нејзината фамилија. Ова би бил втор брак на Петар, бидејќи актерот веќе беше во брак со својата колешка Ивана Николиќ, со која има и син, а тие се разведоа во 2015 година.