Радио Милева нема срам од помош од експерт

Милица Тодоровиќ отворено призна: „Редовно посетувам психијатар“! (ФОТО)

Милица Тодоровиќ отворено призна: „Редовно посетувам психијатар“! (ФОТО)

Српската пејачка Милица Тодооровиќ зборуваше за тоа колку оваа една измината година од пандемијата на коронавирусот влијаела врз нејзиниот живот.

„Таа година би ја карактеризирала како општа катастрофа во секоја смисла. Да ја оставам настрана мојата работа која целосно страдаше, но ние поминавме страшен период кој сè уште трае и во кој изгубив многу пријатели во борбата со короната, што е трагедија. За мене, Ковид -19 е Чернобил на 21-от век и се надевам дека вакво нешто повеќе нема да ни се случи“ – вели Милица.

Та отворено призна дека редовно оди на психотерапија. Пејачката откри дека со задоволство ја посетува ординацијата на психологот, секој пат кога ќе има проблем што не може да го реши самата. Поради тоа, Милица вели дека често плаче за време на сеансите, но дека сепак потоа и е полесно.

„Одам,кај психолог и психијатар и мислам дека тоа е нешто што и треба на секоја личност, бидејќи наидуваме на разни проблеми што ги носи животот и често не можеме да ги решиме самостојно. Кај нас луѓето имаат проблем да признаат дека не можат да ги решат предизвиците што им ги носи животот, па затоа се срамат да кажат дека биле на психолог или психијатар. Ако сфатеа дека тоа е најдоброто нешто што можат да го направат за себе, дека одењето кај експерт се најдобро потрошени пари, тогаш не би се срамеле“ – порача Милица и објасни дека секогаш е подобро да се обратат до експерт , отколку самите во немоќ да очајуваат.

To top