Радио Милева

Милица Тодоровиќ откри што мислат нејзините родители за новиот зет, актерот Петар Стругар

Милица Тодоровиќ откри што мислат нејзините родители за новиот зет, актерот Петар Стругар

Милица Тодоровиќ е во врска со актерот Петар Стругар, а тие својата романса ја обелоденија во емисијата „Амиѓи шоу“.

Оттогаш се активни на социјалните мрежи, па постојано  објавуваат заеднички видеа и фотографии.

Милица била кај Петар во Црна Гора, па откри како поминала средбата со мајката на актерот, но и кое важно правило го прекршила поради неа.

фото: принтскрин/јутуб

Милица откри дали нејзините родители се задоволни со нејзиниот избор, односно нејзиното ново момче.

„Новиот зет? Па супер е, им се допаѓа сега за сега, ќе видиме понатаму“ изјави Тодоровиќ.

На прашањето како родителите на Петар ја прифатиле, таа вели:

„Супер се, морам да ги поздравам. Прекрасни се“ вели пејачката.

фото: Принтскрин/јутуб

Новинирите ја прашаа Милица како идната свекрва ја пречекала, а Тодоровиќ одговори:

„Лелел, знаете што…Тамн започнав една диета, пред Нова година, да ослабам за да влезам во еден костим. Потоа, отидовме во Црна Гора за да се одмориме и да ги посетиме неговите родители. И жената се убаво подготвила…Кеснија јас се извинувам. Мама Ксенија подготви многу вкусни јадење, а јас не можев да кажам дека сум на диета, па јадев“ вели Тодоровиќ.

фото: принтскрин/јутуб

За потсетување, Милица пред Петар Стругар беше во петгодишна врска со кореографот Милош Пауновиќ.

To top