Иако долго време е на сцената Милица Тодоривиќ и понатаму остава впечаток на девојче од соседството, а во една прилика и некои пријатели ја советувале дека треба да се однесува како „ѕвезда“.
Сепак, младата пејачка е упорна во тоа да остане иста и гордо истакнува дека потекнува од Крушевац кој го напушти пред неколку години.
„На родителите не им беше сеедно кога заминав. Мајка ми и татко ми плачеа кога заминав во големиот град“ изјави Милица за „Глорија“.
Тодоровиќ на своите 14 години победи во „Ѕвездите на Гранд“ и таа важи за најмлад победник на ова музичко шоу.
„Едно време живеев кај колешката Јована Пајиќ и нејзините родители. Од нив имав голема поддршка. Бев млада и ми требаше време да се навикнам, а овде е различен менталитетот на луѓето“ вели Тодоровиќ и додава:
„Во Белград никој не те гледа, сите си гледаат за себе. Во Крушевац ќе отворивме прозорец и само ќе викневме:
„Соседе ајде на кафе“ и по цел ден куќата ни беше полна со луѓе. Луѓето се многу опуштени и се живее многу побавно, ми недостига тој сосетки однос. Белград е многу урбан и луѓето ме гледаа многу ладно кога се доселив, но се навикнав. Естрада ми донесе многу работи, пред се љубовта на публиката, но и многу ми одзема, пред се времето поминато со семејството и пријателите. Се занимавам со она што сакам и навистина уживам“ вели пејачката.