Фолк пејачката Милица Тодоровиќ за медиумите откри дека го нашла својот мир, а проговори и за бракот. Имено, таа призна дека е најсреќна кога разговара со свештеникот од Стара Пазова, со кој ја запозна нејзината колешка Сека Алексиќ.
Многу сум среќна што Сека и нејзиниот сопруг Вељко ме запознаа со човек како отец Никола. Оттогаш редовно одам во црква и разговарам со него. Тој ми е како психолог, можам да му кажам се. Ми ја лечи душата – признала Милица.
Милица истакна дека оваа година не го испочитувала Божиќниот пост. Обично постам, но овој пат не можев бидејќи имав многу обврски. Се свртев кон мојот свештеник, кој ми рече дека не е проблем ако прескокнам пост: „Драга моја, не пости ако работиш многу и ако не можеш да го поднесеш постот. Што ќе правиш кога имаш таква работа. Тоа не е ништо против Бога“. Веднаш ми беше полесно – додала пејачката.
Покрај тоа што се врти кон црквата и Бога, Милица ужива да го подготвува и најрадосниот христијански празник. Таа божиќ го слави во родниот Крушевац. Го сакам Божиќ! На тој ден е секогаш највесело во нашата куќа.
На прашањето дали има некој на кого треба нешто да му прости нешто, пејачката одговори на следново: Да. Не сум во контакт со таа личност. Се надевам дека еден ден ќе најдам сила да и простам. Но, има и едно момче кое треба да ми прости. Се работи за клавијатуристот Дино од Црна Гора, кој ми се налути затоа што се пошегував. Од се срце го молев за прошка, но тој не прифати. Многу ми е жал што се замери со мојата шега. Секогаш се извинувам кога ќе направам грешка. Повеќе сакам да ги поправам врските отколку да прецртам некого од мојот живот – признала Милица.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Зоран Илиќ