Пејачката Милица Тодоровиќ замина во родниот Крушевац, за време на пандемијата на коронавирусот да биде заедно со семејството. Се шпекулира дека тоа била и една од причините заради што раскинала со своето момче Петар Стругар, кој наводно инсистирал да останат заедно во Белград.
За да ја разбие досадата, доцна сношти, за време на полицискиот час, Милица влегла во својот автомобил и тргнала да се вози… но само во својот двор.
Со себе ги земала мајка и’ и своето куче на нејзионото „лудо возење“, па сето тоа го снимала и споделила на Инстаграм.
„Осумнаесетти ден од карантинот… Се возиме низ дворот, напред – назад, од куќата до влезната капија и назад… И кучето кука, и тоа не може да издржи повеќе. Луѓе, аман… Ајде мајко, ајде уште малку да се повозиме низ дворот … Барем до портата, што е – тоа е.
„Ајде да се вратиме сега рикверц… Веќе не можам да седам дома, спобудалев. Вози Мицо…“ – коментирала Милица за цело време додека се возела со автомобилот напред-назад низ нејзиниот двор во родната куќа во Крушевац.