Српската фолк пејачка Милица Тодоровиќ денес важи за една од најатрактивните и најсексапилни пејачки не само во Србија, туку и пошорико. Иако нема ни 30 години, Милица е повеќе од половина живот на естрадата. Уште како тинејџерка ќе почне да настапува по кафеаните, свадбите, забавите и клубовите, а веќе со 16 години ќе замине и на својата прва турнеја преку океанот, во далечната Америка.
Милица случајно пребарувајќи по старите работи налета на фотографија токму од тој период и… се разочара! не, не од самата себе си како тогаш изгледала, туку од тоа колку бргу минува времето.
„Ја најдов фотографијава и се запрепастив колку бргу одат годините… Турнејата по Америка во 2006 год. Јас 16-годишна и во својот свет“ – напишала Милица покрај споделената фотографија на својот Инстаграм профил.
За утеха на пејачката, коментарите на нејзините колешки меѓу кои и на нашата Калиопи беа кој од кој… Полни со комплименти!