Пејачката Милица Тодоровиќ и бизнисменот Југослав Кариќ беа фатени заедно во видео кадри во главниот град на Србија, каде очигледно беше дека се многу блиски.
Милица и Југослав уживаа во еден белградски ресторан, а потоа заминаа заедно.Тој ја одведе до станот, а потоа падна и бакнеж. Сето тоа беше снимено од камерите на „Папарацо лов“.
Да потсетиме, Милица минатата година ја раскина врската со актерот Петар Стругар, додека Југослав неодамна стави крај на бракот со дизајнерката на ентериер Елена Караман. Елена и Југослав го продадоа својот имот, а парцелата на Космај со огромна вила ја купи најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.Тие го продадоа и ресторанот во центарот на Белград, а дизајнерката неодамна купи нов имот.
Дали меѓу Милица и Југослав се родила нова љубов или се само пријателска дружба…? Ако судиме според она: „Каде што има чад има и оган“, веројатно каде што има бакнежи и присно гушкање има повеќе од само пријателско дружење?!
https://www.youtube.com/watch?v=q2kLCqza3gc&feature=emb_logo