Српската пејачка Милица Тодоровиќ, прележа корона, а по 21 ден откако повторно направи тест се покажа дека е негативна.
Тодоровиќ за време на изолацијата додека беше заразена со корона времето го поминуваше со нејзината колешка Славица Чуктераш.
Тие се трудеа во заедничко друштво да направат тие денови да им изгледаат полесно и со позитивна енергија да ја поминат изолацијата.
Во тој период во регионалните медиуми, постојано се објавуваа разни наслови и написи за нивната здравствена состојба.
Токму еден таков наслов ја изнервира и српската пејачката која мораше да реагира.
„Славица и Милица: Лошо сме и понатаму – вирусот „мутираш“, стои во насловот.
По тој повод се огласи и Тодоровиќ која напиша:
„Ова никогаш не го изјавивме! Што е со луѓето?“.
Потсетуваме, дел од српската естрада беше заразена со корона, а меѓу нив и српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син Вељко.