Радио Милева
секогаш сум заљубена

Милица Павловиќ за врската со Николас: „Јас сум принцеза, сонувам за голема, бајковита свадба“

Милица Павловиќ за врската со Николас: „Јас сум принцеза, сонувам за голема, бајковита свадба“
фото: Никола Томиќ/ Инстаграм/савељaaa

Пејачката Милица Павловиќ од претходната година врска е со ватерполистот Николас Савељиќ.

Иако избегнува да зборува за својот приватен живот,  Павловиќ вели дека од мала сонувала да има бајковита свадба.

„Како и секоја девојка, и јас сум принцеза. Сонувам за голема, убава и бајковита свадба. Тоа што сум од југ не значи дека не сакам модерни свадби. Така да на мојата свадба ќе има се што е традиција на мојот народ, но и се што е модерно на „Инстаграм“, вели Милица.

фото: Инстаграм

Павловиќ од претходната година е во врска со Николас, а својата врска ја криеја од очите на јавноста. Парот неодамна беше на одмор во Црна Гора, а дека се дефинитивно заедно потврди и снимката на која Николас ја држи Милица за рака.

фото: Инстаграм/сењорита милица

Тие на социјалните мрежи објави фотографии на кои секој позира сам, но истата локација ги издаде дека се заедно на исто место.

Милица избегнувала да даде одоговор на прашањето дали е во врска со Савељиќ.

фото: Инстаграм/савељааа

„Јас секогаш сум заљубена“, одговорила пејачката низ насмевка, а на прашањето со што ја освоил Никола, таа одговорила:

„Ќе се бранам со молчење“.

Инаку, често се шпекулираше за љубовниот живот на Милица, а откако е на естрадата ова е прво момче со кое ја уловија пејачката.

Останати вести од Радио Милева