Милица Павловиќ неодамна го загуби својот дедо кој почина, а за кој пејачката беше многу поврзана.
Токму по тој повод, пејачката напиша писмо до Дедо Мраз и ги разнежи нејзините следбеници.
– Драг Дедо Мраз, сакам нов свет во новата година. Нека смртта му отстапи место на животот. Нека се повлечат сите безумни војни, страдања и болка пред армијата на љубовта и толеранцијата. Да се запре оваа пандемија со взаемно внимание и грижа. Сакам темели за еднаквост, почит, иднина. За подобри и подобри нови години – напиша Милица, и го спомна својот дедо Владимир.
– И Дедо Мраз … Кога леташ високо со твојот елен и го сретнуваш мојот фраер на снежното небо … Кажи му дека го сакам и дека е бесмртен во моите мисли. Во новите и во сите идни години“, заклучи пејачката.
View this post on Instagram