Српската пејачка Милица Павловиќ за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ се најде пред предизвик за кој буквално ќе се зборува уште долго. Или поточно пред „топлес предизвик“!
Имено, Павловиќ доби предизвик да го соблече зелениот корсет кој го носеше на себе, откако загуби во играта која ја играше во шоуто.
Пејачката прво го соблече накитот на себе, а потоа водителката и помогна додека таа го соблекуваше горниот дел од облеката.
По ова, пејачката остана топлес прекриена само со розов пешкир.
„Не сум кукавица, ама…! Не можам да верувам дека ова го правам. Дали сте сигурни дека одзади нема камера? Ништо не се гледа?“ – цело време зборуваше пејачката додека се соблекуваше.