Радио Милева

Милица Павловиќ проговори за љубовниот живот: „Девет години не сум била со маж!“

Милица Павловиќ проговори за љубовниот живот: „Девет години не сум била со маж!“

Една од најатрактивните пејачки во регионот, Милица Павловиќ во интервју за курир.рс во емисијата „Пулс Србија“ откри приватни детали од својот живот.

Имено, таа откри дека 9 години не била со маж, но и откри кои особини треба да ги поседува нејзиниот партнер.

„Јас не можам да бидам со личност која не знае што сака од себе и од својот живот. Јас знам што сакам од себе. Не можам да бидам со личност која не е остварена. Која нема цел“ вели Милица и додавa:

фото: принтскрин/курир.рс

„Тој на почетокот може да биде задоволен со нешто, но подоцна ќе се појави тој хендикеп и не може да се покаже пред жената онака како треба, да биде маж во вистинска смисла на зборот“ вели Павловиќ.

Пејачката истакна дека во последните 9 години не била со маж, а во медиумите досега нема претставено момче, па многумина се прашуваат кога ќе се појави вистинскиот за Милица.

To top