Пејачката Милица Павловиќ направи гала прослава по повод нејзиниот 31 роденден во главниот град на Србија.
Пејачката се погрижила за секој детал, вклучително и за роденденскиот аутфит, а за нејзината модна комбинација ќе се зборува уште долго.
Павловиќ насмеана им позираше на фоторепортерите, а за оваа специјална пригода облече провокативен аутфит, со мрежа над нејзините облини, додека околу раката имаше необична чанта и секако, сандали со висока потпетица.
Музичката ѕвезда се пофали со својата витка линија додека косата ја пуштила да ѝ паѓа преку рамениците.
Пејачката пред роденденот добила цвеќе од таен обожавател, а на забавата за време на интервију пристигна уште еден огромен букет но Милица се изненади од честитката:
-Еве, ќе ви ја покажам, мислев дека пишува од кого е, но не пишува! Да видам… Не, не пишува, само поздрав, моето име… Се збунив – рече Милица.
Милица се погрижила за секој детал, а белата боја доминира од сите страни. Исто така, Милица се грижела и за здравјето на гостите – па им подготвила средство за дезинфекција што го носи името на нејзината најпопуларна песна од новиот албум „Шеќер“.
Фото:Принтскрин/С.Крстиќ/АТА имаџес/Курир.рс