Радио Милева

Милица Павловиќ брутално искрена за своите колеги: „Сè повеќе сум убедена дека естрадата е џунгла“

Милица Павловиќ брутално искрена за своите колеги: „Сè  повеќе сум убедена дека естрадата е џунгла“

Пејачката Милица Павловиќ за кратко време стана една од најпопуларните пејачки, а многумина и завидуваат на нејзиниот глас, но и нејзиниот атрактивен изглед.

Младата пејачка сега откри со колку љубомора се сретнала на почетокот на кариерата. Павловиќ откри дека имала разни ситуации со колешките, а кога го издала албумот „Заувек“ добила серозини компликации.

фото: Инстаграм

„Се повеќе сум убдена дека естрадата е сериозна џунгла, љубомора, суета и поквареност на некој чекор, но јас се борам како дупла лавица. Со труд, работа и одрекувања ги остварувам своите цели“ вели пејачката за „Ало“ и додава кога е потребно ги покажува забите:

„Можам да бидам кучка, и тоа најголема, но не сакам своето време да го трошам на други луѓе, се занимавам со себе и сакам да реализирам она што го сакам, а тие гадости ги оставам на оние кои не веруваат во себе, па се трудат да го уништат туѓиот успех“ вели Милица и вели дека е убаво воспитана, а потоа прокоментира во каков однос е со колешките.

 

фото: Инстаграм

 

„Оние кои не ме поднесуваат ја вртат главата кога ќе ме сретнат, а оние кои ме сакаат се радуваат кога ќе ме видат, а и јас им се радувам“ вели младата пејачката.

To top