Кошаркарката Милица Дабовиќ го промени својот изглед од периодот кога првпат се појави во јавноста.
Дабовиќ често е мета на лоши коментари поради провокативните слики кои ги објавува на социјалните мрежи, а сега на Инстаграм се појави и фотографија на која се гледа колку се променила.
На фотографијата Милица има кафена коса и изгледа сосема поинаку од денес, па многумина не ја препознаа, а ниту овој пат не ги избегна негативните коментари.
View this post on Instagram
Додека едни го пофалија изгледот на познатата кошаркарка, други сметаат дека претерала со пластика – „Ова е истата жена?“, „Се упропасти“, „За греота“ …
Во една прилика Милица откри што променила кај себе.
„Како млада усните секогаш ги истакнував, затоа што сакав поголеми и тоа секогаш го правев. Во текот на кариерата ми ги кршеа забите и аркадата и имав многу удари во носот. Поради еден од тие удари, од лакт , на 17 години се сеќавам дека дури и голтнав заб“, рече тогаш таа и додаде дека редовно оди на третмани за лице и има ботокс на челото.
Милица истакна и дека не е поддржувач на естетската хирургија, и дека во се треба да има граница, а потоа ги коментираше негативните коментари:
„Можеби толку многу ми замеруваат затоа што сум мајка, а јас се сликам во костим за капење и знам како да се сликам.Никогаш нема да ми биде јасно, но се лутат се што правам. Народот секогаш има нешто лошо да каже. Не ми е убаво кога ќе ми напишаат како не се срамам од сликите поради моето дете. Зарем не е подобро се напишаат само: „Браво“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/milica.dabovic.13/pravo_vip_lice/Ата Имаџес/Антонио Ахел